Published: Tuesday, February 21, 2017 15:03
На улиците на Рим дојде до судир на полицијата со демонстрантите – таксисти кои излегоа да го изразат незадоволството од тнр. „убер амандман “ изгласан минатиот месец во Сенатот според кој се ублажуваат прописите за такси здруженијата, потег што демонстрамнтите го гледаат како корист за компаниите како што е „Убер“.
Според странските медиуми демонстрантите фрлале со шишиња и други предмети кон полицијата. На улиците на Рим полицијата е со опрема за разбивање на демонстрации, а дежураат и возила на итната помош. Нема информации за повредени.
Протетсите ги поддржа и градоначалничката на Рим Викторија Раџи од популистичкото движење „Пет ѕвезди“.




