Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест поради реформите: Весниците во Франција денеска не се печатат

0
By Нова ТВ on September 21, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Весниците во Франција денеска не излегоа од печат поради штрајк на синдикатите во Франција против нацрт законот за труд.

Генералната конфередерција за труд на Франција (ЦГТ) донесе одлука за штрајк што е поддржан и од вработените во печатниците и во дистрибутивните центри во овој синдикат.

Весниците во вчерашните изданија ги информираа читателите дека поради штрајк нема да излезе од печат новото издание, но дека информациите ќе ги објавуваат преку интернет.

Откако беа усвоени реформите на законот за труд поради кои минатата година демонстрираа милиони Французи, владата одлучи да воведе измени на тој закон. Синдикатите се противат на одлуката тој да стапи на сила без притоа Парламентот да гласа за измените.

Целта на претседателот Емануел Макрон е на компаниите да им се даде поголема флексибилност и да ги охрабри да вработуваат, поради масовната невработеност која во Франција изнесува 9,5 проценти од работоспособното население, додека просекот во ЕУ е 7,8 проценти.Синдикатите стравуваат дека на овој начин ќе се намали сигурноста на работното место, и поради тоа повикаа на протести.

Но Макрон нема намера да попушти во врска со оваа реформа, која е едно од неговите предизборни ветувања.

Првите демонстрации на синикатот на работниците и конфередерациите против оваа реформа се одржаа на 12 септември и беа поддржани од 400.000 луѓе. Тоа беа први демонстрации на улиците откако Макрон ја презеде функцијата.

Демонстрациите продолжуваат денеска и во понеделник.

Закон за труд протести Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.