Протестот од пред зградата на СЈО, продолжи пред канцеларијата на претседателот Иванов на Рекорд. Патот меѓу канцеларијата и Собранието на РМ е блокиран од полицијата, бидејќи во моментот таму се одвива контра протест, јавува репортерката на НОВА Славица Филиповска.
Всушност, контрапротестот кој беше најавен пред седиштето на СДСМ на Бихачка , се одвива пред Собраните.
Демонстрантите пред канцеларијата на Иванов, кои се во се помасовен број со јајца ги гаѓаат прозорците и вратите од објектот каде што се наоѓа канцеларијата на претседателот.