Македонците од Канбера, Австралија излегоа на протести со цел да го искажат незадоволството од одлуката на Иванов за помилување на 56 лица, пишува порталот Фаланга.
Протестот се одвивал пред Македонската амбасада во Канбера, а амбасадорот на Македонија во Канбера – Веле Трпевски го примил писмото со барањата на демонстрантите.
Во писмото, македонските иселеници во Австралиај побарале повлекување на одлуката за аболиција, оставката на претседателот Иванов поради прекршување на Уставот, Преодна Влада на национален спас од најмалку 2 години, која ќе обезбеди услови за демократски избори, повлекување на одлуката за избори на 5. јуни, прочистен Избирачки список, независни медиуми, како и департизирање на државните институции.