Published: Tuesday, February 22, 2022 19:43
Граѓански протест под наслов „Стоп за Путин“ вечерва се одржа пред руската Амбасада во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.
Насобраните, меѓу кои имаше и претставници на украинската дијаспора во Бугарија, го изразија своето несогласување со ставот на Русија за таканаречените Доњецка и Луганска област во источна Украина. Тие носеа украински знамиња и постери „Стоп Путин“, а палеа и свеќи.
Протестот пред руската Амбасада во Софија го обезбедуваше бугарската полиција.
Извор: МИА




