Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест: Виножито за поддршка на ЛГБТИ, одбројување за власта

0
By Нова ТВ on June 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Слобода, еднаквост, правда. Ваква порака демонстрантите на Шарената револуција оставија пред зградата на Владата, потсетувајќи ја власта дека преостануваат уште три дена до дадениот ултиматум за исполнување на нивните барања. Тие вечерва на улицата пред владината зграда истурија максимално количество боја во знак на знамето на ЛГБТИ заедницата, а владината фасада беше торпедирана со два чатала.

Денешниот протест „шарените“ го посветија на борбата против хомофобичните напади и говорот на омраза, за кој тврдат дека деновиве е значително присутен и насочен кон ЛГБТИ заедницата во Македонија. Тие со графит на Илинденска изразија солидарност и кон  градот Орландо, Флорида, каде во неделата во напад кој се случи во геј клуб загинаа 50 лица и уште толку беа тешко повредени.

orlando99999

На денешниот протест се приклучија и членовите на Левица Здравко Савески и Влaдимир Куновски, на кои вчера судот им го укина куќниот притвор, после 50 дена од обвинувањето дека учествувале во демолирањето на Канцеларијата на Иванов. Во својот говор пред Владата Савески порача дека првичната штета на Канцеларијата која беше проценета на 15 000 евра, а подоцна на 8. 500 е чиста глупост, бидејќи тој смета дека власта изнаоѓа начини како да украде што повеќе од народот.

-Ние не излеговме во слободна држава. Пред нас се два патишта, едниот е темен, другиот многу светол. Темниот пат, ако тие победат, ќе не пикаат во затвори, нема да можеме збор да зуцнеме, Македонија ќе биде зандана. Ако ние победиме, ново сонце на слободата ќе се роди, Македонија нема да биде иста, ќе биде слободна, ќе царува социјална правда. Зошто? Бидејќи народот е разбуден, никоја следна Влада нема да може понатаму да го ограбува народот. Ние со овие протести изградивме нешто што трајно ќе има вредност – разбудено граѓанство, што е повредно од злато. Народот кој храбро гази напред, ништо не може да го запре,  рече Савески.

Поранешниот преговарач за името, амбасадорот Никола Димитров во говорот пред демонстрантите рече дека претседателот Иванов со одлуката за колективна аболиција, а подоцна и нејзиното повлекување ја ставил Македонија на светскиот столб на срамот.

-Вие го браните Уставот од претседателот. Вчера читам 600 евра казна подигнале за тој што ќе го навреди претседателот. Сакам да прашам кој претседател? Што и кој ќе ни плати за навредата тој што ни ја направи? Не тресна од земја како нација, за историски скандал каков што не сме имале 0д 1991 година, он целата политичка класа сакаше да ја направи недопирлива. Он не стави на светскиот столб на срамот. Не е доволно да си повлечеш таа аболиција и уште на рати. А знаете зошто ја повлече? Заради вас? Знаете зошто странците помагаат? Заради вас. Јас ги прашав дали ќе оставите да стане режим на неказнивост, они ми рекоа ние не можеме повеќе да ја сакаме Македонија повеќе од вас. Еве сме. Жално е што ова ни се случува, но очигледно ни требаше ваков бокс за да се разбудиме, рече Димитров.

Протестот на Шарената револуција денеска траеше околу три часа. Веднаш потоа, дел од демонстрантите преку социјалната мрежа Фејсбук, објавија видео во кое се пожалија дека полицијата во цивилка ги легитимирала по завршувањето на протестот, што тие го сметаат како директен притисок, но велат дека и покрај се протестите ќе продолжат.

Демонстрантите даваат рок уште три дена Уставниот суд да го  стави на дневен ред и да се  произнесе за уставноста на Специјалното обвинителство, актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да поднесе оставка и да се формира преодна Влада која ќе ги примени реформските приоритети од извештајот на Прибе и ќе организира фер и демократски избори.

Дел од барањата се и формирање на специјално одделение во Кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија и оставка од претседателот Иванов.

sloboda

#Шарена револуција протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.