Published: Tuesday, February 17, 2015 10:49
Околу 2.000 луѓе се собрале во Будимпешта во знак на протест за денешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на премиерот на Унгарија Виктор Орбан, кои треба да разговараат за рускиот гас.
Со транспаренти „Путин не, Европа да“, маршот се одвиваше во центарот на градот.
Денешната посета на Путин во Будимпешта е прва во земја од Европската унија по октомври 2014 година.
Според аналитичарите, со оваа посета, Путин сака да им покаже на останатите земји дека и понатаму има сојузници во ЕУ и НАТО и дека едниството на Европа не е толку цврсто.




