Масовни протести во Белград и во над 50 населени места ширум Србија на повик на иницијативата „Започни со промени“ денеска се одржаа повеќечасовни масовни протести со блокади на повеќе патни магистрали.

epa09621372 Protesters block the E-75 highway in Belgrade, Serbia, 04 December 2021. Anti-government protestors blocked roads and bridges in Serbia against the new amendments to the Law on Referendum and Expropriation. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Со протестите беше блокирана Ибарска магистрала, со учество на повеќе илјади граѓани, на кои беа забележани неколку инциденти. Масовните протести се организирани поради повлекувањето на Законот за експропријација и измените на Законот за референдум и народна иницијатива.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој беше на средба со граѓаните во околината на Лозница, изјави дека нема да го укине Законот за референдум, наведувајќи дека Србија нема да ја водат оние кои нема да победат на изборите.

– Саво Манојловиќ (активист на Тргни промени) изјави дека ако не го укинам Законот за референдум, а не ми паѓа на памет да го укинам, веќе го потпишав. Ниту Рокфелер, ниту Манојловиќ нема да ја водат Србија, освен ако не победат на избори, истакна Вучиќ.

Најмасовни протестите беа во Белград, на мостот Газела, како и на Мостарскиот јазол и Славија, кај Сава Центар, а блокади имаше и на Панчевскиот мост, Пупиновиот мост, Теразије, Бранковиот мост и во друго делови на Белград. За време на протестите забележани се и неколку инциденти и провокации, меѓу кои и фрлањето на факели на група од 20 маскирани лица од мостот Газела врз демонстраните.

Во Белград меѓу демонстрантите беа и лидерите на опозицијата, меѓу кои Драган Ѓилас, Мариника Тепиќ, поранешниот премиер Зоран Живковиќ и други. Протести со блокади се одржаа и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Крушевац, Ужице, Зрењанин, Јагодина, Нови Пазар, Лесковац, Врање, Шабац.

Четворица студенти беа нападнати и претепани во Нови Сад од триесетина млади момчиња, сите облечени во црно. Марко Максимовиќ, еден од претепаните студенти, за Н1 изјави дека тој и тројца негови другари биле тепани и малтретирани без причина.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека секоја сообраќајна блокада и одржување нерегистрирани собири е прекршување на законот и дека целата одговорност за се што може да се случи на ваквите собири е исклучиво на нивните организатори.