Повеќе десетици илјади лица денеска излегоа на протести во повеќе европски градови против национализмот и десничарскиот популизам.
Протестите организирани во пресрет на изборите за Европскиот парламент се одржаа под слоганите „Една Европа за секого: Вашиот глас против национализмот“ и „Не на омразата, да на промените“.
Неодамнешните анкети покажуваат дека екстремно десничарските партии, може да освојат значителен борј на места во Европскиот парламент.
“Тука сум затоа што не сакам да ја доживеам она што веќе го направи национал-социјалистичката партија за време на мојот живот. Тоа никогаш не треба да се повтори”, рече Ренате Фоигт која учествуваше на протестот во Берлин, осврнувајќи се на идеологијата на нацистичка Германија.
„Јас сум тука за да предупредам што прават владите на Унгарија, Полска и Чешка и што може да се случи во Германија подоцна. Тоа е многу опасно”, рече друг присутен на митингот.
Во Берлин според организаторите на протестите учествувале 20.000 луѓе, а уште 14.000 маршираа во Франкфурт. Митинзи исто така, се одржаа во Хамбург, Келн и Минхен.
Организатори на протестите беа над 70 групи, кои велат дека ја поддржуваат ЕУ, но бараат и промени во миграциската политика и поддршка на мисиите за помош на мигрантите во Средоземното Море.
Се протестираше и во Будимпешта, Женева, Утрехт, Варшава, Букурешт.




