Published: Saturday, October 24, 2015 20:30
фотографија: Twitter
Неколку илјади граѓани веќе се собрани на централниот плоштад во Подгорица пред зградата на Собранието каде свое обраќање имаат претставниците на Демократскиот фронт, кои воедно и го организираа протестот.
– Им порачуваме на Мило Ѓукановиќ и Ранко Кривокапиќ дека имаат 45 минути да одговора на нашите мирни и демократски говори и да прифатат формирање на преодна влада која ќе ги организира првите фер и демократски избори, рече во својот говор, лидерот на ДФ, Милан Кнежевиќ.
Демонстрантите носат црногорски, српски, босански и странски знамиња, известуваат медиумите од регионот.
Според неофицијалните проценки на полицијата, на протестот присуствуваат до 4.500 граѓани.




