Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Ниш, градот и го подари аеродромот на државата

0
By Нова ТВ on March 31, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 2.000 граѓани попладнево протестираа во центарот на Ниш и побараа враќање под надлежност на градот на аеродромот „Константин Велики“ и оставка на градоначалникот и на градскиот совет, кои вчера донесоа одлука аеродромот да и биде подарен на владата.

– Бараме Собранието на градот Ниш да не ја прифати и да поништи одлуката за пренос на аеродромот која е донесена од градскиот совет и членовите на ова тело и градоначалникот да поднесат оставка, наведоа демонстрантите пред канцеларијата на градоначалникот на Ниш.

Според Милош Бошковиќ, еден од организаторите „целта на овој протест е да испрати јасна порака дека Нишлиите нема да ја толерираат оваа ароганција на централната и на градските власти. Фактот што Владата доби легитимитет на изборите не значи дека може да прави она што ќе и падне на ум и да не го слуша гласот на своите граѓани”. Ова нема да помине, констатираше Бошковиќ.

Протестот, кој започна во 17 часот, заврши со скандирање „Оставки, оставки” и „Чиј е аеродром- Наш е аеродромот”, а демонстрантите фрлаа хартиени авиони кон  зградата во која се наоѓа седиштето на градоначалникот на Ниш.

За во недела, е закажано продолжување на протестите на истото место, во исто време со истите барања.

Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура денеска, непосредно пред протестот, најави дека ќе продолжи да инвестира во опремата и развојот на нишкиот аеродромот „Константин Велики”, бидејќи има намера аеродромот да биде центар на воздушниот сообраќај во целиот регион.

Оттаму додаваат дека без инвестициите на Министерството и Владата на Србија, градот Ниш немаше да има таков аеродром и зголемен број на патници.

Министерката за сообраќај Зорана Михајловиќ изјави дека бројот на патниците на нишкиот аеродром е 248 пати поголем откако Владата на Србија вложува пари во него.

“Владата нема да дозволи аеродромот во Ниш да ја доживее судбината на бројни нишки државни фирми што пропадна и што ни ги остави Зоран Живковиќ, Демократската партија и другите партии што од неа настанаа”, изјави таа.

Градскиот совет во Ниш вчера донесе одлука за отстапување на аеродромот „Константин Велики” на централната власт.

Оваа одлука треба да биде одобрена од страна на Собранието на градот на првата наредна седница.

 

аеродром Ниш Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.