Стотина жители на Нови Сад во Србија, главно млади луѓе денес околу 18 часот излегоа во самиот центар на градот под протест „Војводина е против диктатурата“.

Нивната причина за израз на незадоволството, како што пишуваат српските медиуми е што многу малку луѓе излегле на вчерашното гласање на претседателските избори.

Протестот бил организиран по социјалните мрежи со транспаренти „Стоп за кушување гласови“, „О(не)свести се“, „Сакам култура а не диктатура“ и слично.

Протести исто така се одржаа и во Белград и во Ниш, каде што пред српското Собрание биле фрлени и јајци и шишиња, како незадоволство против изборот на Александар Вучиќ за нов претседател на Србија.