Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во повеќе американски градови по победата на Трамп

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во неколку градови во Америка на протест против изборот на Доналд Трамп за претседател изминативе 24 часа.

Со слоганот „Не си мој претседател“, многумина од демонстрантите запалија слики од Трамп.

Ваквиот развој на настаните се случува во време кога Трамп треба да се сретне со актуелниот претседател Барак Обама да разговараат за лесна транзиција во Белата куќа. Обама ја препушта Овалната соба на 20 јануари 2017 година.

Но и самиот Обама го повика американскиот народ да ги прифатат изборните резултати, откако претходно за време на кампањите ја поддржа Хилари Клинтон и рече дека Трамп не е способен да ја води земјата.

„Сега сите треба да навиваме за негов успех да ја соедини и води земјата“, изјави Обама. „На Трамп треба да му се даде шанса да води“, порачува Обама.

Во Њујорк илјадници демонстранти маршираа до Трамп кулата, несогласувајќи се со политиките на новоизбраниот претседател за миграцијата, правата на хомосексуалците и слично. Петнаесет луѓе се уапсени, пишува Њујорк Тајмс.

protest2

Повеќето од протестите се одвиваа мирно, но во Оукленд и Калифорнија полицијата употреби солзавец за да ги разбие демонстрантите.

„Не за Трамп, не за ККК, не за фашистите“, ечеше во Чикаго, додека во Портланд и Орегон привремено беа блокирани улици.

Протести се случуваа и во Филаделфија и во Бостон, Сиетл и Сан Франциско.

Барак Обама Доналд Трамп протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.