Десетици илјади демонстранти трета ноќ по ред протестираа во 20 градови во Романија против одлуката на социјалдемократската влада да ги ублажи прописите за сузбивање на корупцијата, барајќи оставка од Владата.
Романскиот премиер Сорин Гриндеану најави дека неговата влада, и покрај масовните демонстрации, нема да ја повлече спорната одредба со која се декриминализираат некои случаи на корупција што ја продлабочи политичката криза во земјата.
Претседателот на Романија Клаус Јоханис претходно соопшти дека од Уставниот суд ќе побара да ја прогласи за неуставна одлуката на владата да ги ублажи прописите против корупцијата.
Ројтерс објави дека околу 250.000 луѓе излегле на улиците, додека според процебнката на полицијата, на протестите имало околу 80.000.
Демонстрантите најавуваат дека нема да се повлечат ид ека протестите ќе продолжат.
Министерот за правда Флорин Јордаке која ја донесе спорната уредба, привремено ја предаде должноста на својот заменик до 7 февруари, објави романската новинска агенција.
САД, Германија, Канада, Финска, Холандија и Франција во соопштението истакнуваат дека романската Влада го подрива „напредокот во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата во последните 10 години“.
Потпретседателот на ЕУ Франс Тимерманс ја повика Владата итно да ја преиспира уредбата, бидејќи нејзиното спроведување би можело да се одрази на средствата што Романија ги добива од ЕУ.
Уредбата, донесена пред два дена, предвидува и нацрт закон за помилување на осудени лица и овозможува декриминализација на прекршоците во врска со злоупотреба на власта и се смета за најголемо отстапување од антикорупцијските реформи од 2007 година, кога Романија стана челнка на ЕУ.




