Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Србија поради цени на горивата, блокирани Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Ибарска магистрала

0
By Нова ТВ on June 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 8, 2018 19:11

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Шабац, Панчево, Нови Пазар, на Ибарската магистрала и во други делови на Србија, денеска од 17 часот се одржа едночасовен протест против високите цени на горивото со блокирање на улиците и на патиштата.

Граѓаните се организираа преку Фејсбук, по градовите во Србија, каде што во две Фејсбук групи повикуваа возачите со своите возила да ги блокираат патиштата во 17 часот, каде и да се наоѓаат.

Медиумите во Белград до почетокот на протестот, ја игнорираа оваа најава за протести.

Во Белград за време на протестот сообраќајот целосно беше запрен на делницата на автопатот кон Ниш, а во спротивна насока, речиси и да немаше автомобили. Некои возачи и патници стоеа покрај возилата.Како што и беше најавено, блокирана беше и Славија каде за малку не беше предизвикана и тепачка, Автокоманда, Газела,Бранков и Панчевачкиот мост, како и други места во два милионскиот Белград.

Како што јави РТВојводина, во Нови Сад протестот предизвикал целосен сообраќаен колапс, а медиумите информираат дека целосно бил блокиран и Ниш, Крагуевац, Зрењанин, Шабац, Ужице, Врање, Лесковац и во речиси сите поголеми градови во Србија,како и на Ибарската магистрала кај Лазаревац.

Организаторите на блокадата на социјалните мрежи објаснија дека се борат за усвојување на три барања, поради фактот што горивото во Србија е меѓу најскапите во регионот.

Првото барање на возачите е да усвои нова цена на горивата која нема да го надмине износот од 110 динари за литар дизел (0,93 евра) и 120 динари за литар бензин (1,02 евра) и оваа цена да биде важечка за сите бензински пумпи во Србија.

Барањата, исто така, вклучуваат и нова пресметка на цената на горивото, така што на основната цена на горивото ќе се пресметува данок, а потоа да се додаде акцизата која не смее да биде поголема од 50 проценти од основната цена на бензинот.

За возилата со погон на гас  се бара цената на гасот да не биде поголема од половината од цената на безоловниот бензин.

Од почетокот на годината до денес, горивото во Србија е зголемено за 8,79 динари за литар, а за дизелот за 11,30 динари. Сега литар бензин од 95 октани чини 152,02 динари, Еуродизелот 161,71, додека за поскапите горивни категории таа е 167 динари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.