Published: Saturday, February 16, 2019 12:27
Полицијата фрли солзавец врз демонстрантите кои протестираат во Тирана, кога се обидоа насилно да влезат во зградата на Владата.
Поддржувачите на албанската опозиција го пробија полицискиот кордон, и се обидоа со метални шипки да ги разбијат вратите на зградата во која се сместени канцеларијата на премиерот Еди Рама. Протестот го организира опозицијата која бара оставка од Рама поради лошото владеење.
Демонстрантите го запалија и скелето кое беше поставено на зградата на Владата.
“Полицијата го спроведува застрашувачкото сценарио на Еди Рама да провоцира демонстранти“ рече Љуљзим Баша лидерот на опозицијата кој ги предводи демонстрантите..
Албанскиот премиер Еди Рама е во Валона на партиски митинг.




