Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Тирана: Повредени полицајци и приведени демонстранти

0
By Нова ТВ on May 12, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 12, 2019 09:40

Молотови коктели врз Владата, Парламентот и полицијата, запалени прозорци, влезната и задната врата на Владата, повредени најмалку 15 полицајци, многу димни бомби фрлени кон полицијата, солзавец и водени топови за разбивање на демонстрантите, уништен општествен имот, повеќе од 50 лица приведени. Ова е билансот за синоќешниот протест на обединетата албанска опозиција во Тирана, кој е најнасилен досега.

Протестот започна во 18,30 часот, но иако дозвола имаше за два часа, организаторот соопштувајќи дека не ја признава полицијата продолжи и по полноќ, кога демонстрантите се собраа пред седиштето на Демократската партија, каде раководните структури на партиите која ја сочинуваат обединетата опозиција почнаа средба на која ќе се одлучува за понатамошната стратегија.

Собирот почна пред Владата со повиците „Рама оди си“, „Слобода-демократија“, „Рама твоето време замина“, но за кусо состојбата ексалираше со фрлање димни бомби и цврсти предмети кон полицијата, а потоа и молотови коктели кон неа и Владата.

Пожарот кај влезната и задната врата и неколку прозорци брзо го изгаснаа припадниците на Националната града. Кога толпата го проби полицискиот кордон и се искачи по скалите на влезот во зградата, полицијата беше принудена да употреби солзавец, по што луѓето се повлекоа.

Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша во обраќањето повика да не се напаѓа полицијата, по што состојбата пополека се смири.

– Денеска е одлучувачки ден за слобода или смрт! Сакаме Албанија како цела Европа, порача Баша на крајот од обраќањето кое беше преполно со обвинувања до премиерот Рама.

Тој и синоќа порача дека без опозицијата нема да има избори „ниту овој јуни, ниту следната година“, дека нема отстапување од барањето за „заминување на криминалецот Еди Рама“ и формирање преодна Влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.

Илјадниците приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани, предводени од Баша, поранешниот албански претседател и премиер и екслидер на демократите, Сали Бериша, како и лидерката на Социјалстичкото движење за интеграција, Моника Круемади, се стационираа пред Парламентот, каде се повтори сликата од пред Владата.

Кога состојбата достигна кулминација полицијата употреби водени топови.

Од пред Парламентот демонстрантите заминаа пред Управата на полицијата во Тирана, барајќи ослободување на еден од организаторите,Саит Долапи, организациски секретар на Демократската партија, за „поттикување насилство“, а за кого постои и снимка како фрла, најверојатно, молотов коктел, кон полицијата. На зградата беа скршени повеќе прозорци, по што беа употребени водени топови.

Во општиот хаос, залудни беа неколкуте апели на претседателот Илир Мета кој повика на воздржаност и дистанцирање од насилни акти врз полицијата, ниту пак апелот за воздржаност упатен од американската амбасада во Тирана, која воедно го осуди насилството. И мисијата на ОБСЕ го осуди насилството и порача дека одговорноста треба да ја сносат организаторите.

Апел за смирување на состојбата упати и албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши.

-Со молотови коктели не се гради демократија, туку тоа ја уништува Албанија. Но тоа е невозможно! Ги повикувам одговорните граѓани да се дистанцираат од напади врз институциите. Никој не може повторно да ја запали Албанија!-стои во апелот на Леши.

Премиерот Рама реагираше преку Твитер каде со доза на иронија напиша дека „пожарот на Владата не и причинува ни најмала шетата, туку и причинува штета на Албанија“, нарекувајќи ја притоа политиката на опозицијата, „слепа политика“.

Ова беше четврти по ред масовен протест на опозицијата годинава, но според насилството ги надмина сите досегашни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.