Ефикасно уврдување и проценка на ризикот од корупција во јавните институции е главна тема на дводневниот регионален форум што почна денеска во главниот град на Словенија, Љубљана.
Собирот е во организација на Регионалниот совет за соработка (RCC), Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI), а со помош на Комисијата за спречување на корупцијата на Словенија. На собирот учествуваат претстаници на министерствата за правда на владите од регионот, државните тела за спречување на корупција и претставници на невладини организаци.
Раду Котики, експерт за јавна администрација и за борба пртив корупцијата при RCC потсети на неодамна објавените резултати од мега истражувањето „Балкански барометар 2017“, според кои корупцијата е една од најголемите грижи на граѓаните од регионот на Балканот, бидејќи така се изјасниле дури 32 отсто од испитаниците, што е зголемување за 5 отсто во однос на претходната година.
„Не постои еден ефикасен модел кој одговора за сите средини и затоа е исклучително важно да воспоставиме форуми за меѓусебна соработка како што е овој, да размениме искуства и да ги утврдиме начините на кои најдобро можеме да се бориме притив корупцијата“ изјави Котики.
Претседателот на RAI Давор Дубравица изјави дека антикорупциската иницијатива останува посветена на националните институции во регионот што се занимаваат со ова прашање и во следните две години, под капата на Регионалната програма за борба против корупцијата на ЈИЕ, финансирана од Австрија, а која се спроведува во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за борба против криминалот и корупцијата UNODC.
Една од главните активности во рамките на Стратегијата Југоисточна Европа 2020, усвоена на самитот во Трст годинава, е воведување на јасни и транспарентни правила за пристап до јавните услуги, со што треба да се зголеми интегиртетот на јавните институции. Во тој контекст во изминатите години во регионот се подобрени проценките за ризик од корупција и процнките на квалитетот на законските прописи што се однесуваат на корупција, соопшти RCC.




