На 5 април Управниот одбор на ФИФ ПРО ќе го разгледува случајот на Македонија, кога седум фудбалери на Металург беа суспендирани затоа што штрајкуваа бидејќи четири месеци не земале плата. На играчите им е раскинат договорот со клубот, а суспензијата од шест месеци забрана за игра останува. Поради овој случај Македонија доби негативен публицитет во светот на фудбалот. Кои се правата на спортистите, каде можат да се заштитат , во ПРОЦЕС разговараме со Панче Ќумбев, претседател на Синдикатот на Фудбалерите и Дарко Илиевски еден од суспендираните фудбалери.