Првиот Италијанец заразен со смртоносниот вирус ебола е лекар кој работел во Сиера Леоне. Тој веднаш е пренесен на лекување во италијанскиот главен град.
Лекарот, чие име не е соопштено, бил ангажиран од невладината организација „Имерџенси“. Тој ќе биде лекуван во Националниот институт за инфективни болести „Лаѕаро Спаланцани“ во Рим.
Италијанската министерка за здравство Беатриче Лоренцин информира дека лекарот во текот на минатата ноќ имал треска и други симптоми на еболата, но дека претпладнево се чуствувал подобро.
Лоренцин нагласи дека биле преземени сите мерки за да се обезбеди сигурен транспорт на пацинетот во Италија.
Според СЗО, ситуацијата во Сиера Леоне е алармантна затоа што секој ден се регистрираат по 100 нови случаи. Последните податоци се дека има 6 190 заболени и 1 267 мртви.




