Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв состанок на политички директори на САД-Јадранската повелба под претседавање на Северна Македонија

0
By Ана Василевска on March 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба (А5), во Скопје, се одржа првиот заеднички состанок на политички и одбранбени директори од министерствата за надворешни работи и министерствата за одбрана  на земјите-членки и набљудувачи на Повелбата, информираат од МНР.

„Нашето претседавање коинцидира со 20 годишнината од основањето на оваа иницијатива, при што на состанокот беа поздравени досегашните постигнувања на А5 рефлектирани во соодветно зачленувањето на четири земји од Повелбата во НАТО Алијансата. Оттука, во фокусот на разговорите на состанокот беа начините за ревитализација и адаптација на иницијативата кон новата безбедносна реалност и актуелната регионална динамика. Целта е да се зајакне политичката улога на Повелбата и да се креираат нови механизми за соодветно адресирање на актуелните безбедносни предизвици во регионот“, соопштуваат од МНР.

Воедно, на состанокот станало збор и за последиците од  руската воена агресија во Украина врз регионот, со посебен акцент на сајбер и хибридните закани, ранливоста на критичната инфраструктура и справувањето со дезинформации. Биле разгледани начините за зајакнување на отпорноста преку заеднички дејствија и соработка.

Дополнително, бил усвоен и Акцискиот план на претседавањето на Северна Македонија САД-Јадранската Повелба во тековната година.

„А5 е уникатен форум на соработка, кој во своите редови покрај земјите од регионот ги има и САД, како наш стратешки партнер. Поконкретно, во Повелбата членуваат Албанија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Србија, Словенија и Косово имаат статус на земји-набљудувачи. Формирана во 2003 г., оваа организација две децении генерира безбедност и стабилност во овој дел од Европа“, истакнуваат од МНР.

Јадранска повелба МНР САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.