Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва клапа на „Децата на сонцето“

0
By on June 17, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 17, 2013 12:00

Денеска во Отешево, на брегот на Преспанското Езеро, почнува снимањето на филмот „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митрикески, тоа е негов трет игран филм, по „Преку езерото˝ од 1997 и „Како лош сон“ од 2003 година.

Планирано е филмот да се снима 36 работни дена во преспанскиот регион (Ресен, Отешево и Претор), и по неколку дена во Битола и Скопје.

Сценариото е на познатиот балкански автор Гордан Михиќ и е копродукција со Србија и Црна Гора. Македонски продукции се „Хоризонт филм“ и „Револушн продукција“.

Филмот е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко, а нив ќе ги толкуваат младите Кире Ѓоревски, кој дипломирал во Бугарија, и Ивана Павлаковиќ, студентка на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Режисерот Митрикески вели дека филмот ќе биде приказна за прототипот на една македонска и балканска фамилија.

„Филмот ќе прикаже македонска фамилија преку која сакам да направам дијагноза на општеството, пресек на сите нивни страдања, илузии, премрежиња… Се трудам да го опфатам менталитетот на македонскиот народ, да не избегам од вистината која најмногу ме интересира во овој филм и затоа во него нема измислици“, вели Митрикески.

Во филмот ќе играат Владо Јовановски, Милица Стојанова, Мето Јовановски, Ацо Дуковски, Ѓорѓи Јолевски, Данчо Чевревски, Билјана Таневска, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Сашко Коцев и три деца. Новина е што Влатко Стефановски, кој е автор на музиката за филмот, првпат ќе има епизодна улога на филм и ќе го игра Човекот со гитара.

Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска, колега на Митрикески од студентските денови на филмската академија во Лоѓ, со кого соработуваше и на својот претходен филм „Како лош сон“. Костимограф е Зорица Тодорова-Младеновиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.