Вирусот АХ1Н1, попознат како свински грип, ја однесе првата жртва во Албанија. Извори од Инфективната клиника во Тирана за телевизија „Ора њуз“ потврдија дека починатото лице е маж на возраст од 48 години кој бил хоспитализиран во средата со пневмонија што дополнително ја влошило неговата состојба.
„Жртвата пристигнала од Елбасан заедно со уште две други лица за кои исто така се сомнева дека се заразени од свински грип. И тие се наоѓаат во тешка здравстевна состојба“, наведува ТВ куќата од Тирана.
Според албанските медиуми во петокот од грип почина 41-годишен маж. И тој е од Елбасан, а во болницата во Тирана бил донесен во тешка состојба. Не се отфрла можноста дека и тој бил заразен од вирусот АХ1Н1.