Published: Wednesday, November 9, 2016 09:47
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека на ЕУ ќе и биде потешко со Доналд Трамп отколку со претходниот американски претседател Барак Обама.
– Ќе биде потешко отколку со претходната администрација, но тој е избран за претседател на слободни избори. Мора да го почитуваме идниот претседател на САД и се надевам дека ќе најдеме начин за соработка, изјави Шулц, пренесува Ројтерс.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека ЕУ ќе продолжи да соработува со САД , бидејќи врските меѓу ЕУ и САД се многу подлабоки од каква било промена во политиката.
-Ќе ја продолжиме соработката, повторно откривајќи ја силата на Европа, изјави Могерини, пренсува АФП.




