Published: Sunday, September 20, 2015 19:33
Анкетите во Грција, по затворањето на гласачките места, покажуваат дека на предвремените парламентарни избори кои се одржуваат денеска, партијата на доскорашниот премиер Алексис Ципрас, Сириза е во минимално водство пред Нова демократија.
Сириза води со некаде помеѓу 30 до 34 проценти од гласовите, додека Нова демократија се очекува да добие од 28,5 до 32,5 отсто гласови.
Трета партија е Златна зора со 6,5 до 8 отсто од гласовите.
Грчките медиуми пренесуваат дека на избирачките места денеска е тивко, и излезноста мала.
Конечните резултати се очекуваат за подоцна во текот на вечерта.
Првичните анкети покажуваат дека ниту една партија нема да може сама да состави влада.




