Нил Харбисон е роден со ретка болест која предизвикува комплетно слепило за бои. Во 2004 година Харибсон и Адам Монтадон развиле направа наречена „Ококиборг“, која овозможува боите да се претворат во звуци.

Харбисон е првиот човек во светот кој е официјално признаен како киборг и тоа го пишува во неговиот пасош, заедно со неговата фотографија, на која е сликан со своето „Киборг око“.

Во 2010 година, Харбисон заедно со Мун Рибас ја основаа Киборг Фондаијата, интернаионална организација која им помага на луѓето да станат киборзи.

Докуменарниот филм за Нил Харбисон, чиј автор е Рафаел Дуран Торент, пред два дена ја освои првата награда на конкурсот на „GE/FOCUS FORWARD“, во висина од 100 илијади евра.