Движењето Беса на 24 февруари ќе го одржи првиот партиски конгрес.
-Ова одлука ја донсовем заеднички, вклучувајќи ja и таа мала група на незадоволни кои денес зачудувачки излегуваат со гласини за манипулирање на јавноста за некој друг датум. Ова уште еднаш докажува дека таа мала група се научени да не почитуваат одлуки на органите и статутот на партијата. Бидејќи во јавноста секој ден се шират гласини дека ќе се формира нова политичка партија ние им посакуваме успех, но апелираме да не манипулираат со членовите и симпатизерите на Движењето Беса, рече Абдуш Демири на денешната прес конференција.
Тој додаде дека вратите на партијата се отворени се сите заинтересирани и ги повика да се приклучат во процесот за одржување на Конгресот на 24 февруари.