На прв поглед, првиот месец од претседателскиот мандат на Доналд Трамп се чини катастрофален, барем судејќи според самиот Трамп. Медиумите како прв пех ја посочуваат изнудената оставка од неговиот советник за национална безбедност, генералот Мајкл Флин, што го сметаат за голем пораз за новиот претседател.
Преговорите на Флин со руската дипломатија околу укинувањето на санкциите прилично јасно и покажаа на американската јавност дека наследникот на Обама во Белата куќа всушност е поблизок на рускиот отколку на американскиот естаблишмент.
Самиот факт дека Флин се осмелил да го излаже потпретседателот Пенсе го направил Пенс смешен и укажал на неговата неважност во кадровкста хиерархија на Трамп, што повторно ја разбеснело Републиканската партија. Главната задача на Пенс е во име на Републиканската партија да се обиде да го контролира Трамп.
Вториот дебакл на Трамп е пропаста на уредбата за забрана за влез во САД на граѓани на седум муслимански земји. Американската судска власт „ладно“ поништи една од првите одлуки на Трамп и едно од неговите најгласни предизборни ветувања.
Исто така, Трамп и неговите соработници јавно потврдија дека се обидуваат да воспостават јавно мислење со алтернативни факти. Алтернативните факти беа омилена методологија на обликување на лажната реалност во време на советскиот и комунистичкиот комунизам.
Нема кој да се бори против Трамп
Засега Трамп сепак не успеа да придобие ниту една поважна медиумска куќа (освен Фокс кој традиционално е на страната на републиканците).
Неговата „војна“ со медиумите доведе меѓу останатото, и до изјавата на Џон Меккејн кој Трамп го прогласи за диктатор, истакнувајќи дека „диктатурите почнуваат со уривање на слободата на печатот“.
Медиумите анализираат дека против Трамп се борат и разузнавачките служби, судството, голем дел од Републиканската партија, сите можни здруженија за човекови права, целата Демократска партија, комплетната медиумска индустрија и некои глобални авторитети како шро е Папата Франциско.
Победа е „заземањето“ на Стејт департментот
Може да се каже дека Трамп го доживеа најлошиот месец цо својата политичка кариера. Меѓутоа, дел од агендата на Трамп, и покрај сите јавни порази, прилично брзо се остварува. Рекс Тилерсон, шефот на американската дипломатија, речиси го распушти половина од Стејт департментот, ослободувајќи се пред се од дипломати од кариера кои служеле и под републиканската и под демократската администрација.
Заземањето на Стејт департментот е голема победа на Трамп, извојувана под водство на човекот, кој е посебно близок до руската владејачка елита. Конгресот процедурите ги стави над законските текстови со кои во краток рок се поништува наследството од Обама, но и наследството од либералните законски достигнувања во САД, како што е укинувањето на законот за здравствено осигурување Обамакеар, за што треба да се гласа во следните месец-два.
Именувањето на Скот Пруит за шеф на Агенцијата за заштита на околината, со што Агенцијата ја изгуби досегашната смисла, бидејќи Пруит е еден од најагилните противници на нејзиното досегашно делување, е уште еден од силните удари врз американската либерална политика.
Републиканската партија и Доналд Трамп проонајдоа, природно, заеднички интерес во делиберализацијата на сегашна Америка. Тој интерес е клучниот елемент со кој Трамп може да обезбеди каква – таква поддршка од републиканците.
Меѓутоа, републиканците начелно се најтврдите противници на соработката со Русите.
Доколку се дознае за уште тешки инциденти како оној на Флин, аналитичарите велат дека Доналд Трамп можеби навистина би требало да се најде пред отповикување или барем во целосна политилка или јавна изолација.




