Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првиот синдикалец на ЦУК го обвини Буџаку за нестручност-тој демантира

0
By Нова ТВ on December 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Синдикатот на вработените во Центарот за управување со кризи Илија Бојаровски денеска на прес-конференција побара од Владата за директор на ЦУК да биде поставен професионалец од сферата на кризниот менаџмент и го обвини актуелниот в.д. директор Агрон Буџаку за некомпетентност и нестручност, но и за дискриминација на докажани кадри, како и за трошење пари за честење.

Бојаровски рече дека некомпетентноста и нестручноста е евидентна кога се поставуваат партиски и политички кадри во државни органи, како што рече, како во случајот со в.д. директорот на ЦУК.

Буџаку, според претседателот на синдикалната организација, потрошил 40.700 денари на седум ручеци во еден ден со претставници на јапонската организацијата Џајка и со две други меѓународни организации.

Буџаку, пак, ги демантираше наводите на Бојаровски посочувајќи дека тој настапува во лично име, а не во име на Синдикалната организација на ЦУК. Ова го потврдија и дел од членовите на Синдикатот на ЦУК, кои кажаа дека немало состанок со членовите на кој би се дискутирало дали овие наводи да бидат изнесени во јавноста, но оти синдикални средби немало и претходно.

В.д. директорот на ЦУК Буџаку го обвини Бојаровски дека се занимава со оцрнувања и тоа го прави редовно кога има избори надевајќи дека со измислени работи и обвинувања дека ќе ја постигне својата цел или тој да стане директор или некој друг да стане директор.

Тој рече дека Центарот за управување со кризи има 220.000 денари за трошоци за репрезентација и дека 40.000 денари потрошил за да ја почести шестчлената делегација од Јапонија и шест претставници од Центарот кои биле со него.

– Не беа шест пати туку тоа беше така евидентирано затоа што со картица така се плаќа бидејќи органичувањето е шест илјади денари по картица. Еднаш сум потрошил толку – вели Буџаку.

ЦУК, потенцираше тој, вчера доби благодарница од Џајка за соработката на два проекта, а сега треба да започне и трет проект за пошумување од свлечиште и поплави. Најдобар одговор за тоа дали професионалци го водат ЦУК и работат во него е благодарницата од Џајка и можноста ние да одржуваме работилници за земјите од Западен Балкан.

Тој тврди дека откако е директор на ЦУК никогаш немало состанок на синдикалната организација.

-Човекот се повикува на тоа дека води синдикат, а никогаш не е одржан состанок, рече тој додавајќи дека сака да зборува со синдикатот во врска со неисплатени обврски од Министерството за финансии за зголемување на плати. Ќе ги повика 30-те членови на синдикатот на состанок затоа што, како што кажа, Бојаровски не ја работи својата работа.

Бојаровски Буџаку Синдикат ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.