Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првомајски марш на Синдикатот на новинари: Да за работа, не за ропство

0
By Нова ТВ on May 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите новинари работат со прекршени работнички права, професијата е неизвесна, работат во нерегуилирани услови, поради што не може да се очекува регулирано новинарство.

Оваа порака ја испрати денеска претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Ѕвездан Георгиев на првомајскиот марш кој ССНМ го организираше заедно со Синдикатот на македонската дипломатска служба, Независниот академски синдикат и Синдикатот на културата.

Маршот ќе се оржа под мотото „На 1 Мај каде си? За свои права, на улица си“ на плоштадот „Карпошово востание“. Новинарите носеа транспаренти на кои беа напишани пароли „Пишувам за корка леб“, „Да за работа, не за ропство“, „Сиромаштија = цензура“…

-Никогаш не знаеш колку ќе те платат, колку плаќаат, никогаш не знаеш дали ќе те платат, а мораш да работиш. Се работи со договори на три месеци, шест месец, што ја продолжува неизвесноста на професијата, односно ги дисциплинира новинарите, се работи во медиуми кои се навикнати на работа во клиентелизам, во нерегуларни услови и тука не можеме да очекуваме регуларно новинарство, кажа Георгиевски.

Нагласи дека новинарите се уште во голема мера работат на хонорари без регулиран статус, без пензиско осигурување, без извесна иднина.

-Неверојатно е дека како новинари се уште немаме колективен договор, дури државата оди дотаму што практично и немаме со кого да го потпишеме тој договор, рече Георгиевски.

Додаде дека овој првомајски собир го сфаќа како симболичен начин уште еднаш да се предупреди јавноста.

-Меѓутоа мислам дека треба да најдеме нови начини на борба, бидејќи ова досега не ни даде најдобри резултати. Се надевам дека нема да чекаме уште еден век за остварување на некои права и дека 1 Мај ќе биде она што треба да биде  – празник на трудот, а не протест за правата за трудот, рече тој.

Сања Арсовска, претседател на Синдикатот на култура истакна дека нивните главни барања валоризација на стручните звања, донесување нов закон за култура и конечно по 14 години потпишување нов колективен договор во културата биле доставени до Владата уште лани, а од нив остварено е само првото – нивелација на платите во дејностите на културата, односно за исто работно место да се зема иста плата.

Ира Берек од Независниот академски синдикат рече дека Закон за високо образование е донесен со цел да се реетаблира академската заедница и да се врати автономијата на универзитетите, но сепак нагласува дека документот не профункционирал, се продолжува со нетранспаретно работење и неформирање студентски тела, нивно неучество во одлучувачките политики на универзитети, закочени статути.

Бараат и покачување на платите во високото образование, а понудиле и модел за интервентно прогресивно пресметување што го испратиле до министерот за образование Арбр Адеми и одговор очекуваат овие денови.

1 мај протест Синдикат на новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.