Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Психијатар во болницата во Демир Хисар со коронавирус- сите лекари се во изолација

0
By Менче Атанасова Точи on April 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Негативен е тестот на новороденчето на родилката од Куманово која е заболена со коронавирус и се лекува на Инфективната клиника, потврдија за НОВА од Клиниката за гинекологија. Психијатриската болница во Демир Хисар остана без медициски персонал откако лекар- психијатар се заразил со КОВИД -19, сите се во изолација,  се ангажираат лекари од други болници

Лекар-психијатар од Психијатриската болница во Демир Хисар е позитивен на коронавирсур. Сите лекари се ставени во изолација, а во болницата е направена реорганизација. До завршување на самоизолацијата на вработените ќе се ангажираат други доктори од Битола и Прилеп, а по потреба ќе бидат вклучени и психијатри од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово. Се затвора и Центарот за ментално здравје во Прилеп кој управува со болницата во Демир Хисар, информира министерот за здравство Венко Филипче.

„Станува збор за психијатар кој е асимптоматски, а имал позитивен случај на коронавирус во семејството. Тестот е позитивен, а со оглед дека бил во контакт со колегите во болницата, преку Центарот за јавно здравје во Прилеп направени се епидемиолошки анкети и е дадена препорака за самоизолација на психијатрите. Доколу се испостави дека психијатарот доаѓал со симптоми на работа , ДСЗИ ќе изврши вонреден надзор и ќе се превземат  мерки како во претходниот случај со Кожна клиника“, изјави министерот Филипче.

Според него, во работењето на психијатриската болница во Демир Хисар ќе помагаат и лекарите од Клиниката за психијатрија во Скопје по системот на телемедицина.

Во Геријатрија во Ѓорче Петров каде што се наоѓаат најризичната категорија стари луѓе забранет е прием на нови лица и се преземаат мерки за нивна заштита, рече Филипче.

Тој најави дека сите 50 лица кои се покажале позитивни на КОВИД-19 во Систина ќе мора задолжително да направат тестови и во Институтот за јавно здравје. Денес ќе бидат контактирани сите лица, а според заменик министерот за здравство Арменд Арслани истите тестови кои што се прават во Систина ќе се изработуваат и во ИЈЗ.

Став на Комисијата за заразни болести по препораки на СЗО е дека тестовите кои се прават во Систина се само сомнеж дека имало болест и затоа секој што направил тест во оваа болница, задолжително мора да се тестира уште еднаш со тест за дијагностика во ИЈЗ, беше кажано на прес конференцијата.

„Во моментот на Инфективна клиника хоспитализирани се 64 пациенти, нови 6 се примени во последните 24 часа. Некои од нив кои што се чувстуваат добро ќе бидата тестирани за да се види дали се излекувани, како и 11 лица кои биле на домашно лекување во Дебар“, рече Филипче.

Нови 30 случаи се позитивни на КОВИД- 19, во изминатите 24 часа , со што вкупната бројка на  дијагностицирани изнесува 384 лица, информираат од Министерството за здравство. Новите случаи се: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

Отворена е нова веб- страница во врска со новиот коронавирус, каде се собрани сите податоци за Ковид-19, koronavirus.gov.mk , рече  Филипче.

„Совети во однос на заштитата, насоки како да се препознаат симптомите, секојдневните вести кои ги споделуваме на прес-конференции, како вести што се споделуваат од министерството. Овие содржини ќе се следат и на соц ијалните медиуми и на мобилната апликација којшто ќе може да се преземе-  нагласи Филипче.

Тој потенцира дека во моментот имаме направено најголем број на тестови по број на жители, пред нас е само Словенија од регионот, што е добар сигнал. Одобрен е пристап и до Европскиот солидарен фонд преку кој државата може да добива помош во време кога е многу тешко да се дојде до потребните медицински материјали. Холандија исто така донарала кабинет за дијагностика и 2000 тестови преку Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, со помош и на амбасадата на Германија.

Во оваа ситуација на пандемија со коронавирус кога се затворија границите многу пациенти кои набавуваа лекови од соседните земји останаа без неопходната терапија. Таков е случајот со лицата со автоимуни заболувања кои го користат антималарикот „Плекенил“ што досега го купувале во Грција.

„За конкретниот лек изнаоѓаме решение со Клиниката за реуматологија, најдовме и некоја количина на залиха. Но, секој економски оператор кој може и сака да направи набавка на лек ќе му биде овозможено тоа“ изјави Филипче.

Тој повторно нагласи дека засега нема потреба од засилување на мерките, дека вирусот се движи линеарно, а пик се очекува да достигне на крајот на месец април.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.