Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Психолошки портрет на Доналд Трамп

0
By Marija Todorovska on January 24, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 24, 2025 10:15

Некои професионалци за ментално здравје јавно го кажаа својот став дека однесувањето на Трамп се усогласува со критериумите за нарцисоидно растројство на личноста, асоцијално растројство на личноста и параноично растројство на личноста.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предизвика огромен психолошки интерес – од особините на неговиот карактер, емоциите што ги предизвикува во јавноста, до точка во која менталното здравје станува прашање на национална безбедност, пишува Psychology Today.

Личноста на претседателот Трамп

Психолозите и коментаторите од сите идеолошки табори се согласија за етикетата нарцисоидно растројство, а ова мислење го делат над 70.000 професионалци за ментално здравје. А неговите карактеристики се:

  • Супериорност
  • Фантазирање за успех
  • Претерани таленти и достигнувања
  • Очекување од постојано восхитување и пофалби
  • Немање емпатија
  • Очекување другите да го прават она што го сакате
  • Искористување на другите
  • Изразување презир кон „инфериорните“
  • Љубомора
  •  Кревка самодоверба
  • Поставување нереални цели
  • Неможност за  одржување здрави врски

Некои професионалци за ментално здравје јавно го кажаа својот став дека однесувањето на Трамп се усогласува со критериумите за нарцисоидно растројство на личноста, асоцијално растројство на личноста и параноично растројство на личноста.

Карактеристики на асоцијално растројство:

  • Неусогласеност со законите и општествените норми
  • Измама
  • Импулсивност
  • Раздразливост и агресивност
  • Несовесно непочитување на безбедноста на другите и на себе
  • Модел на неодговорност
  • Недостаток на каење
  • Нарушување на однесувањето (импулсивност, агресивност, бесчувствителност и измама почнувајќи пред 15-годишна возраст)

Крактеристики на параноично растројство на личноста:

  • Постојано сомневање во лојалноста на другите
  • Не доверливост
  • Потешкотии при признавање грешки или нивно исправање
  • Прекумерна чуствителност
  • Изолација
  • Ригидност и упорност
  • Перцепција дека другите им подготвуваат тајни заговори
  • Не можност да се опуштат и да се чуствуваат сигурно
Како психолозите го опишуваат детството на претседателот Трамп ?

Во јули 2020 година, внуката на претседателот Трамп и клинички психолог Мери Трамп ја објавија книгата Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот. Мери Трамп пишува дека мајката на Трамп била самофокусирана и отсутна, додека на татко му недостасувале емоции и емпатија. Таа тврди дека Трамп немал пример за ранливост, емпатија и реципроцитет и дека покажувањето на тие особини било опасно во семејството.  Претседателот Трамп се обидуваше да го добие одобрувањето на неговиот татко во текот на неговиот живот, за што Мери Трамп тврди дека може да го објасни начинот на кој тој се однесува со одредени светски лидери денес. Тој е опишан како агресивно, неконтролирано дете, што укажува на тоа дека не му била пружена одговорна грижа потребна во првите години од животот.

Психолошки термини што го карактеризираат претседателството на Трамп

Претседателството на Трамп предизвика жестока дискусија за низа психолошки феномени. А психолозите се согласија дека неговото претседателствување се карактеризира со терминот Gaslighting ( “манипулација со реалноста” или “психолошко манипулирање”. Овој термин опишува психолошки процес во кој една личност ја доведува другата во сомнеж за нејзината перцепција на реалноста, со цел да ја поткопа нејзината самодоверба и здраво расудување).

Претседателот Трамп во текот на неговиот минат мандат дрско ја лажеше јавноста. Првите примери вклучуваат тврдење дека тој имал најголема публика на денот на инаугурацијата и покрај фотографските докази и отфрлањето на руското мешање во изборите во 2016 година како „лажни вести“ и покрај консензусот од американските разузнавачки агенции. Честите и смели лаги на Трамп и неговите постојани напори да ја поткопа перцепцијата на луѓето за вистината, наведоа некои од психолозите кои го анализираа.

Ефектот Данинг-Кругер

Ефектот Данинг-Кругер е когнитивна пристрасност во која луѓето го преценуваат своето знаење или способност во одредена област. Ова има тенденција да се случи затоа што недостатокот на самосвест ги спречува прецизно да ги проценат сопствените вештини. А многу од психолозите го поврзуваат Трамп со овој феномен.

 

gaslighting асоцијално нарушување Доналд Трамп нарцисоидно нарушување параноично растројство психолози психолошки профил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.