Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Публицистот Свето Стаменов објави книга посветена на десетгодишнината од смртта на проф. д-р Димитар Мирчев

0
By Zoran Ivanov on July 4, 2026 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 4, 2026 20:33

Од печат излезе книгата „Quo vadis, Професоре?“ (разговори во политичкиот етер со професор емеритус Димитар Мирчев) на Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и несомнено еден од најплодните македонски публицисти.

Книгата „Quo vadis, Професоре?“ на Свето Стаменов е посветена на десетгодишнината од смртта на проф. д-р Димитар Мирчев (1942 – 2016), универзитетски професор, научник и автор на повеќе од 180 научни трудови, несомнено еден од најистакнатите не само македонски, туку и европски политиколози, дипломат и општественик, човек што се вгради во темелите на самостојна и независна Македонија.

Книгата, распослана на 515 страници Б5 формат, содржински е поделена на четири дела. Првиот дел – „Quo vadis, Македонијо?“, всушност е своевидно реиздание на книгата што под ист наслов заеднички ја објавија Свето Стаменов и проф. д-р Димитар Мирчев во 2013 година и содржи 15 интервјуа што беа реализирани на брановите на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од 2003 година до 2012 година.

Вториот дел – „Quo vadis, Професоре?“, како што впрочем е насловена и самата книга, содржи 17 интервјуа реализирани во периодот од почетокот на 2013 до средината на јули 2016 година. Третиот дел, пак, насловен „За ‘Балканскиот мегаетникум’ на Професорот“ ги содржи интервјуата со проф. д-р Бранислав Саркањац и проф. д-р Златко Крамариќ, поранешен амбасадор на Република Хрватска во Скопје, посветени на „Балканскиот мегаетникум – националните доктрини на македонските соседи“ на професорот Мирчев, книга која предизвика огромно внимание во македонската научна и културна јавност во 2013 година.

Четвртиот дел на книгата, насловен „Професорот како рецензент на моите дела“, содржи седум рецензии на проф. д-р Димитар Мирчев за книгите на Свето Стаменов објавени во периодот од 2010 до 2016 година. Станува збор за: „Дијалогот меѓу културите – темел на обединета Европа“ (2010); „Македонското радио како јавен радиодифузен сервис и неговото место во македонското општество“ (2010); „Дијалогот меѓу религиите и цивилизациите – темел на човештвото“ (2011); „Радиото како судбина“ (2011); „Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“ (2011); „Силата на Охридскиот дух“– I книга (2013) и „Силата на Охридскиот дух“– II книга (2013).

Тематски интервјуата се однесуваат на процесите на осамостојувањето на Република Македонија, на првите години на независноста и самостојноста, на почетоците на самостојната македонска дипломатија, на внатрешната и на надворешната политика, на ирационалниот спор што соседна Грција го наметна околу името на нашата земја, на несреќната 2001 година и на меѓуетничките односи кај нас, на македонскиот пат кон евро и евроатлантските интеграции, односно зачленувањето во Европската Унија и во НАТО, на несреќниот за нас Букурешки самит на Алијансата во 2008, на дијалогот и толеранцијата меѓу религиите и цивилизациите итн.

Свое место во интервјуата најдоа и делата што професорот Мирчев ги објави во последните години од неговиот живот: „Балканскиот мегаетникум – националните доктрини на македонските соседи“ (2012), „Ферментација на демократијата и нацијата. Сите македонски политички пролети 1943-1973“ (2013), „Идентитет и суверенитет“ (2014) и „Европеизам. Либерализам. Македонизам.“ (2015).

Авторот ја посветува книгата во знак на огромна благодарност и вечен спомен на неговата животна сопатничка и непресушна инспирација Искра Чоловиќ (1960-2023), доајен на македонското спикерство, новинар и истакнат македонски публицист, автор и коавтор на 14 книги и идеен творец на „Quo vadis, Македонијо?“, како и на „Quo vadis, Професоре?“, чие појавување на светлината на денот, за жал, не го дочека.

Книгата, чија корица е дело на младата графичка дизајнерка Бојана Симевска, е збогатена и со пригодни текстови – рецензии на проф. д-р Цане Т. Мојаноски („Сведоштво за македонската ферментација“), проф. др. Милан Јазбец („Интелектуалец во балканскиот мегаетникум“), проф. д-р Ана Чупеска („Проникливо осознавање на македонската политичка сегашност и минато“), Зоран Иванов („Димитар Мирчев – сеќавања“) и проф. д-р Димитар Пандев („Заглед во тријадата: Quo vadis“), а нејзиното објавување е овозможено со финансиски средства на Министерството за култура и туризам, во рамки на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес за 2026 година.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

книга мирчев стаменов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.