Published: Monday, November 6, 2017 20:24
Отстранетиот од власт каталонски лидер Карлес Пучдемон и четворицата негови поранешни министри на 17 ноември треба да се појават пред белгиски суд, што ќе биде прво нивно сослушување откако белгиските власти синоќа ги пуштија на условна слобода.
Канцеларијата на Обвинителството во Брисел соопшти дека сослушувањето ќе биде одржано зад затворени врати и наведе дека тогаш најверојатно ќе се знае дали тие можат да бидат екстрадирани во Шпанија.
Пучдемон и четворицата поранешни министри ќе имаат право на жалба на евентуалната одлука за испорачување, а ако и кога ќе се исцрпат сите правни средства, во Белгија можат да останат до јануари.




