Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пучдемон: Каталонците сакаат независна држава

0
By Нова ТВ on October 10, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 10, 2017 19:53

-Резултатот од референдумот е дека Каталонците сакаат независна држава – рече каталонскиот лидер Карлес Пучдемон кој денеска се обрати во Каталонскиот парламент. Неговиот говор беше закажан како единствена точка на дневниот ред за во 18 часот, но неговото излагање беше одложено за 19 часот.

Пучдемон во својот долг говор, ја објасни важноста на ситуацијата. Истакна дека ова е историски момент кој ги надминува границите на земјата и дека не станува збор само за внатрешен проблем, бидејќи Каталонија иако е мала е дел од Европа.

Сакам да се обратам на нашата популација која беше на референдумот и која протестираше на улиците.

-Им се заблагодарувам на сите кои ме советуваат, затоа што секое мудро мислење е од помош – рече Пучдемон.

Тој рече дека ова не е лична одлука, туку е резултат на референдумот, волја на владата која ја води.

Пучдемон им се заблагодари на апсолутно сите луѓе кои биле вклучени во референдумот, било како волонтери во процесот или гласачи и поддржувачи.

Во својот говор напомена дека Шпанија не инвестирала во Каталонија и не го почитувала јазикот, затоа Каталонија уназадувала.

-Од смртта на Франко, Каталонија постојано придонесуваше кон Шпанија, не само во економијата, туку и во инфраструктурата. Во 2005 година, големо мнозинство од Парламентот на Каталонија, според Уставот, одобри нацрт за автономија до шпанскиот Парламент. Шпанската влада во 2010 година и шпанскиот Уставен суд го модифицираа, а Каталонците не го бараа тоа. Тој текст кој беше модифициран и не беше одобрен е сегашниот закон. Нема шпанска институција кој е отворена да зборува за иднината на Каталонците и единствената надеж која ја гледавме беше во кралот, но минатата недела и тој ја затвори вратата. Денес, нашиот однос ос Шпанија не функционира. Не сме луди, не сме криминалци, ниту сме биле киднапирани од вонземјани, туку сме нормални луѓе кои бараат дијалог и немаат ништо против Шпанија и шпанскиот народ. Каталонците повеќе не сакаат статус-кво – рече Пучдемон.

Седницата на Каталонскиот парламент е во тек, за збор се јави Инес Аримадас, пратеничка од опозицијата, која се спротивстави на Пучдемон и го обвини за национализам.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.