Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пучдемон: Ќе учествувам на предвремените регионални избори

0
By Нова ТВ on November 3, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 3, 2017 20:18

Поранешниот претседател на каталонската Влада, Карлес Пучдемон, кој отпатува во Брисел откако на регионалните власти на Каталонија им беа одземени сите надлежности, денеска истакна дека е подготвен да се кандидира на предвремените регионални избори, кои шпанската централна Влада ги распиша за 21 декември.

– Подготвен сум да бидам кандидат. Можно е да се води кампања од секаде. Ние себеси се сметаме за легитимна Влада. Мора да постои континуитет со цел да му се каже на светот што се случува во Шпанија. Не можам со Влада која е во затвор да имам избори кои ќе бидат неутрални, независни и нормални, изјави Пучдемон за белгиската државна телевизија РТБФ.

Претходно денеска, Европската унија одби да интервенира по повод европскиот налог за апсење на Пучдемон, кој се очекува да го издаде Шпанија.

– Тоа е во целост прашање на правосудните органи, чија надлежност комплетно ја поддржуваме, изјави портпаролката на Европската комисија Аника Брајнхарт.

Според претходните најави, шпанскиот судија кој ја води истрагата за каталонските сепаратисти денеска треба да издаде европска потерница за апсење на разрешениот каталонски лидер.

Адвокатот на Пучдемон, претходно изјави дека шпанскиот Врховен суд веќе издал европски налог за апсење на неговиот клиент, како и за уште четворица министри од неговиот разрешен Кабинет, кои се во Белгија.

Разрешениот потпретседател на каталонската Влада, Ориол Жункерас изјави дека неговото апсење е „цената што ќе ја плати за слободата на Каталонија“.

Жункерас испрати писмо до сепаратистичкиот весник „Ара“ во кое вели дека заедно со поранешниот министер за надворешни работи Раул Ромева се согласиле дека „ако цената за слободата на Каталонија е да одиме во затвор, тогаш ќе ја платиме таа цена“.

Тој го опиша настојувањето на Шпанија да се спречи прогласување на незавиност од страна на каталонскиот регионален Парламент, како обид „тие да се фрлат на колена“.

Истовремено, Жункерас ги повика сепаратистичките каталонски партии одвоено да учествуваат на предвремените избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.