Едно лице загина, а најмалку 20 се повредени во денешниот инцидент со пукање за време на собир во Вашингтон, јавуваат американските медиуми. Како што наведува канал „Фокс 5“, жртвата е 17 годишното момче Кристофер Браун, кој починал во болница, додека една полицајка сè уште се бори за живот.
Инцидентот се случил на собир на кој учесниците подготвувале храна, кога неколку лица почнале да пукаат од огнено оружје. Полицијата соопшти дека се повредени 21 лице од кои шест завршија во болница.
Шефот на полицијата Питер Њушем изјави дека најмалку три лица пукале кон насобраните луѓе. Собирот не бил пријавен, а, според полициски извори и медиумите во САД, присуствувале стотици граѓани.