Published: Friday, January 6, 2017 21:28
Најмалку петмина се убиени, а осуммина ранети во инцидент на аеродормот Форт Лодердејл на Флорида, САД, јави Си ен ен, повикувајќи се на канцеларијата на шерифот.
Нападот го извршил еден човек кој е во притвор. Засега не е познат мотивот.
Повредените се пренесени во болница.
Веста за инцидентот за првпат се појави на Твитер кога еден од сведоците напишал дека во тек е вооружен напад и дека делот за пријавување на багажот на терминал 2 е евакуиран.
Според статистиката, во ноември лани, над 2,5 милиони патници минале низ овој аеродром.




