Published: Saturday, January 5, 2019 12:28
Тројца луѓе загинаа, а четири лица се повредени во пукањето во куглана во Торанс, Калифорнија, соопшти полицијата.
Одделот за полиција во Торанс изјави дека полицајците одговориле на повиците за “истрели” во Гејбл Хаус Боул непосредно пред полноќ.
Тројца мажи биле пронајдени мртви, а четворица мажи се ранети и пренесени во болница.
Торанс, Калифорнија, е крајбрежен град на околу 32 километри од Лос Анџелес.
Полицијата информира дека истрагата е во тек и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.




