Published: Monday, December 19, 2016 22:30
Маж влегол во Исламски центар во Цирих и започнал да пука со огнено оружје, повредувајќи тројца луѓе, јавува Алџезеира.
Полицијата трага по напаѓачот. Едно тело било пронајдено во близина на центарот но се уште е нејасно дали е поврзано со нападот на муслиманскиот објект.
Непознатиот напаѓач влегол додека се одржувала молитва и испукал неколку куршуми кон присутните во објектот по што избегал од џамијата.
Сведоците го опишале напаѓачот како маж на околу 30 години кој носел темна облека и темна капа.




