Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пукна брана во Бразил: Калта проголта над 300 луѓе

0
By Нова ТВ on January 26, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 26, 2019 14:35

Најмалку девет лица загинаа, а речиси 300 други се водат како исчезнати по пукањето на рударска брана во југоисточниот дел на Бразил, соопштија денеска бразилските власти. Од рудникот пак велат дека исчезнати се 413 лица.

BBC

Претставник на властите информира дека спасувачките екипи досега успеала да пронајдат тела на девет загинати лица, додавајќи дека продолжува акцијата за потрага по исчезнатите. Исто така, од калта досега се извлечени 279 луѓе.

Водата и калата од акумулацијата на пукнатата брана поплави делови од местото Вила Фертеко, носејќи со себе потенцијално отровен отпад, што предизвикува стравување од можно загадување на животната средина.

 

Според противпожарната служба, неколку десетици лица се заглавени во поплавеното подрачје и очекуваат до нив да стигнат спасувачките екипи.

Бразилската рударска компанија „Вале СА“, која е сопственик на рудникот, соопшти дека во време на пукањето на браната во таа зона се наоѓале околу 300 работници.

Би-Би-Си јави дека за време на инцидентот стотина работници се наоѓале во мензата на рудникот, која останала под вода и е затрупана со кал.

Претставник на властите на сојузната држава Минас Гераиш, на чија територија се наоѓа рудникот, соопшти дека се мали шансите некои од затрупаните работници да бидат извлечени живи.

Причините за пукањето на браната, која била изградена во 1976 година, засега не се познати.

Поради несреќата, властите спроведоа евакуација на поголем број жители од Вила Фертеко.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро оцени дека станува збор за „сериозна трагедија“ и најави дека ќе го посети местото на инцидрнтот во придружба на министрите за животна средина, за рударство и за регионален развој.

Слична трагедија во Минас Гераиш, како што јави ДПА, се случи и во 2015 година, при што загинаа 19 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.