Рускиот претседател Владимир Путин разрешил од должност голем број чиновниците во претседателската администрација, Федералната служба за безбендост, Министерството за одбрна и за внатрешни работи, соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Сите се академици или дописни членови на Руската академија на науки, а Песков рече дека се разрешени по сосптвена желба и потврди дека нивната смена од функциите е поврзана со изборот во Академијата.
Путин ја разреши од должност заменик министерката за внатрешни работи Александра Савенкова, началникот на главната воено медицинска управа на Министерството за одбрана Александар Фисун и началникот на управата за регистрација и архивски фондови на ФСБ Василиј Христофоров, кој е разрешен бидејќи исполнува услови за пензија, се наведува на сајтот на Кремљ.
Со указ на претседателот отпуштен е и началникот на главната медицинска управа во администрацијата на пртетседателот Константин Костенко.
Минатата недела Путин потсети дека кон крајот на 2015 година побарал од претставниците на власта да се воздржат од учество на изборите за Руската академија на науки, а на оние функционери кои ќе бидат избрани, ќе им се овозможи да се бават само со наука.




