20.000 -ен силен тим е испратен до планините Урал, како дел од операцијата спасување и расчистување по метеорскиот дожд вчера, соопшти Министерството за итни случаи на Русија, јавува Би-Би-Си.

Претседателот Владимир Путин ја наредил оваа операција со цел да им се помогне на околу 1.200 луѓе кои беа повредени, вклучувајќи и 200 деца, најмногу од скршеното стакло на прозорците како резултат на експлозијата, откако голем метеор падна во езерото во близина на Чебаркул, град во регионот Челиабинск, кој се почувствува стотици километри подалеку од падот.

НАСА пак, од своја страна овој метеор го нарече мал астероид, додавајќи дека експлозијата која беше предизвикана е еквивалентна на 300.000 тони ТНТ експлозив, што претставува настан еднаш во 100 години, јавува Си-Ен-Ен.