Published: Friday, March 6, 2015 13:32
Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека ја намалил својата и платата на неколку високи претставници за 10 отсто, бидејќи економијата била погодена од колапсот на рубљата.
Според договореното, платата и на рускиот премиер Дмитри Медведев, јавниот обвинител Јуриј Чајка и претседателот на истражниот комитет Александар Бастрикин ќе биде намалена.
Претседателот на Русија во 2013 година заработувал помалку од своите министри.
Руската економија е погодена по санкциите од Западот кои беа воведени за Москва поради нејзината вмешаност во борбите на истокот од Украина.




