Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Анкара дека го соборила рускиот воен авион за да ја заштити испораката на нафта што Исламската држава и ја доставува на Турција.
– Имаме причина да веруваме дека одлуката е донесена со желба да се заштитат линиите на испората на нафта кон турска територија, изјави Путин на прес- конференцијата во Париз, додавајќи дека тврдењето дека на ваков начин Турција ги штити Тиркмените во Сирија, е само „изговор“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, понуди оставка доколку се докажат тврдењата на Москва дека Анкара купува нафта од екстремистите во Сирија.
Во изјава за новинарите на самитот за климатски промени во Париз, тој рече дека „Турција не е толку нечесна за да купува нафта од терористи“ и дека доколку има докази за такво нешто, нека бидат јавно објавени.




