Претседателот на Русија, Владимир Путин одлучи Москва да не протера ниту еден Американец од земјата, откако САД протера 35 руски оперативци за хакирање со цел нарушување на американските избори.
Изјавата на Путин, објавена на веб-страницата на Кремљ доаѓа откако шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров рече дека и тие планираат да возвратат на ист начин, бркајќи 35 американски претставници.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Путин му испрати листа од 35 американски дипломати и предложи нивно протерување, како и затворање на објекти во Москва кои ги користат дипломатите на САД.
Но Путин во изјавата вели, тој сака да избегне ескалација на еден од најголемите спорови од крајот на Студената војна, на само неколку недели пред преземањето на функцијата на новизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Путин сепак мерките на САД, донесени од Барак Обама на 29 декември ги опиша како „непријателски“.




