Владимир Путин денес оцени дека односите помеѓу Русија и САД се уште полоши отколку што беа за време на администрацијата на Барак Обама.
Изјавата дојде по средбата на шефовите на дипломатиите на Русија и на САД Сергеј Лавров и Рекс Тилерсон во Москва. Тие разговараа за Сирија. Посетата на Тилерсон беше закажана пред повеќе недели и требаше да служи за нормализирање на односите помеѓу двете земји како што тоа го вети Доналд Трамп за време на изборната кампања.
Но Путин рече дека “може да се каже дека нивото на доверба во нашите работни односи, особено во воениот домен, не е подобрено туку напротив е влошено”.
Двете земји влегоа во вербална војна околу нападот со хемиско оружје во Сирија и американското бомбардирање на Сирија, за прв пат од почетокот на конфликтот пред 6 години.




