Рускиот претседател Владимир Путин денес во разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјавил дека Москва го осудува израелскиот напад врз Иран, велејќи дека нападите ја кршат Повелбата на ОН и меѓународното право, соопшти Кремљ.
Путин нагласил дека Русија ги осудува постапките на Израел, кои ја кршат Повелбата на ОН и меѓународното право. Руската страна целосно ги поддржа напорите за мирно решавање на ситуацијата околу нуклеарната програма на Иран и презентираше конкретни иницијативи насочени кон наоѓање заемно прифатливи договори“, се наведува во соопштението.
Се додава дека Русија ќе продолжи да придонесува за деескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел.