Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин се подготвува да остане на власт и по 2024 година

0
By Нова ТВ on January 16, 2020 ВЕСТИ
Фото: vox.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот претседател Владимир Путин вчера најави сеопфатни уставни реформи, а нов премиер ќе биде Михаил Мишустин. Тие би можеле да му помогнат да остане на власт и откако ќе му заврши вториот мандат, коментира Роман Гончаренко.

Фото: to-name.ru

Во обраќање до нацијата кое беше пренесувано ширум земјата, Путин најави сеопфатни уставни реформи кои ќе му го скицираат патот за останување на власт и по завршување на вториот мандат на чело на државата во 2024 година.

Најавата беше изненадување, иако познавачите очекуваа ваков потег, бидејќи неколку часа по неа оставка поднесе премиерот Дмитри Медведев.

Фото: rt.com

Во обраќање до парламентот, Путин рече дека земјата нема време за губење. Потоа вети дека ќе преземе серија социјални мерки меѓу кои клучна е онаа за зголемување на наталитетот во земјата. Вистинската причина за брзањето на Путин, сепак, е обидот со време да го реши „проблемот 2024“ – односно прашањето како да остане на власт и покрај уставната забрана за повеќе од два мандати.

Ветувајќи дека ќе го подобри животот на Русите, Путин само попатно ги спомена уставните реформи и промените во политичкиот систем. Во својот карактеристичен манир, тој најпрво забележа дека нема потреба од промена на уставот донесен во 1993 година, за потоа да предложи серија уставни измени.

Фото: dw.com

Путин напомена дека граѓаните ќе одлучат за измените, но не спомена референдум. Такво нешто во Русија немало со децении. Според неговиот план, долниот дом на парламентот – Думата ќе добие поголема моќ и во иднина ќе ги бира премиерот и владата – привилегија што досега ја имаше само претседателот. Но тоа, според Путин, не значи дека Русија ќе стане парламентарна демократија.

Вториот предлог е идните претседателски кандидати да живеат во земјата најмалку во последните 25 години и да не смеат да имаат државјанство на друга држава. Во овој дел се насетува обид да се спречи кандидирањето на опозициските политичари ни олигарси како Михаил Ходорковски. Путин предлага министрите и пратениците да смеат да имаат само руско државјанство, за да се оневозможи нивно уценување од Западот. Конечно, со новиот устав ќе им се даде примат на руските закони пред меѓународното право.

Фото: themoscowtimes.com

Овие измени му даваат на Путин две можности. Првата е, како во периодот од 2008 до 2012, да биде премиер. Алтернативата би била да биде избран за претседател на Државниот совет, тело кое со измените ќе добие поголема моќ. Што и да избере, Путин не планира да се откаже од моќта.

За него, но и за Русија, започнува ново политичко поглавје. Иако 2024 година делува далечно, Путин нема многу време за да ги протурка измените. Во 2021 година, во Русија се закажани парламентарни избори и тоа сака дотогаш да бидат протуркани измените. Во моментот, тој е во цврста позиција да го цементира своето владеење за уште долго време.

Владимир Путин мандат промени Русија Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.