Предизвиците со кои се соочуваат работодавачите со дефицитот на работна сила и образовни реформи прилагодени кон потребите на стопанстовото биле главна тема на денешниот состанок на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) со претставници на бизнис секторот во рамки на проектот „Деловен појадок“.

Најголем дефицит на кадар, според претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска, има во електро-индустријата и во угостителството. Смета дека се потребни реформи во образовниот систем за поголем број практични часови, а работодавачите да ги оспособат своите капацитети за повеќе пракса кај учениците.

– Моментално на пазарот на трудот има голем број работоспособно население, кое не ги задоволува потребите на пазарот. Потребни се директни реформи, кои секако се болни и долготрајни во делот на образовниот систем. Работодавачите да ги оспособат своите капацитети за поголем број практичкни часови, а образовниот систем да го пренамени образовниот процес во делот на практиканството, истакна Трајковска.

Тоше Чочороски, менaџер на хотел, смета дека е потребна поинаква промоција и привлекување студенти во средно образование, но и промена на пристапот на средното училиште и факултетите кон учениците и студентите.

– Потребно е промени во секој дел и кај наставниците и професорите и кај учениците. Се наоѓаме пред предизвик и ние како фела, и образовните институции, дојде моментот кога мора да биде блиска врската во интерес на сите, изјави Тоше Чочороски.